Петровска потврди: Син на пратеничка на СДСМ станал полициски инспектор

Според документ објавен на социјалните мрежи кој има печат и потпис син на пратеничка на СДСМ со средно фармацевтско училиште е вработен како полициски инспектор.

На објавата дека синот на пратеничката без соодветно образование, на 02.01.2020 е вработен во МВР, неколку часови пред Оливер Спасовски да замине од функцијата, дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска реагира дека е лажна вест.

Во истата реакција таа сепак не негира дека има индиции за непотизам и потврдува дека се работи за вработување на лицето Стојчев Ѓоргиев кој е син на пратеничка на СДСМ а кој според неа е вработен законски.

Дебатата за оваа информација се води на Твитер каде е објавен и документот од Агенцијата за вработување според кој лицето има само средно образование.

Откако Петровска реагира од неа граѓани бараат дообјаснување но не ги добиваат.

Едно од прашањата е зошто за синот на пратеничката пишува дека е прераспиреден од други работно место односно од кое работно место дошол да биде инспектор во МВР.

Информацијата најпрво била објавена на Фејсбук каде во коментари се тврди дека синот имал факултет кој не е од областа на безбедноста туку педагогија.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3259621537389713&id=385541621464400

SHARE