Пи*ка скапана, најсмрдлив елемент: Владините апологети со гнасна хајка против Героски

До неодамна беше идол и почитуван член на опозицискиот фронт против ВМРО-ДПМНЕ а сега откако почна да објавува компромитирачки текстови за СДСМ и ја откри аферата Рекет стана најомразениот лик за владиниот фронт.

Веќе неколку дена трае гнасната, мизерна и најверојатно координирана хајка против Бранко Героски кој е напаѓан и од анонимни ликови и отворено од луѓе кои важат за апологети на власта.

ЗНМ и другите медиумски организации молчат.

Најнавредливиот отворен напад доаѓа од Бранко Тричкоски, човекот кому Героски со години му помагаше да ги објавува своите комумни.

Во момент на очигледна намера да навреди Тричкоски објавува фотографија и текст во кој го нарекува Героски “најсмрдливиот антимакедонски елемент”.

“‘Си црцка од вискито како да е Џорџ Клуни втор од горе во десниот ред, а не најсмрдливиот антимакедонски елемент во менделеевиот систем. Ова е толку компромитантно што будалата што еден ден ќе реши да се забавува со Геронимо во Единица, и не мора задолжително да биде будала!
А има и такви кои велат дека Геронимо може да е или да биде или така да се смета, најзаебаната компромитантна фигура, ако светот стигне да се уреди според неговите стандарди”, пишува Тричкоски објавувајќи фотографија од настан на кој бил повикан од Героски.

Најгнасен напад врз Героски на Твитер е од профилот Дарко Кежман познат како најголем бранител на политиките на Заев и СДСМ.

“Геро п…о скапана штрбава , оди самозапали се на Дризла кога дозволи оној засмрденион прч неделко да те фали и да те става со него во друштво … барем камен да се родеше ќе имаше некоја ќар од тебе , свињи пи*ки ке чешаа , вака си само куртон пробушен во друштво со психопати”, пишува профилот кој прво се залагаше да бидат казнети сите инволвирани во Рекет а сега со погрдни зборови го напаѓа Героски.

SHARE