Пимен: Судете ми според страстите, Бетмен Велит немал лоши намери на 27 април

„Народот против Лари Флинт“ би го нарекол денешниов ден, пишува владиката на МПЦ-ОА, Пимен, кој денеска сведочеше во процесот за 27 април.

Пимен е уверен дека еден од обвинетите, неговото духовно чедо Богдан Илиевски немал лоши намери.

„Едни ќе се разочараат што сум сведок, други ќе велат дека сакам да се рехабилитирам, но мене ми е битно што се одважив на барање на моето духовно чедо, другар и брат со кој сме се расправале за и делеле ставови, да потврдам дека не се сомневам во неговите искрени намери.
И ич не ме интересира судот на јавноста.
Мое беше да кажам како го знам Бобсон (Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит) и да верувам дека ќе има влијание моето сведочење, а ваше е да ми судите според вашите страсти“, вели владиката Пимен.

Илиевски заедно со Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски беа лидери на движењето „За заедничка Македонија“, а Обвинителството ги гони како инспиратори на насилството во Собранието.

Досега на судењето Обвинителството не објави ниту еден доказ дека тие четворица го направиле кривичното дело за кое се товарат.

 

SHARE