Фондот за пензиско осигурување се огласи по написите дека биле изгубени податоци за стажот на околу 4.200 осигуреници.

Во соопштение, од ПИОМ велат дека не се изгубени туку дека компаниите не ги доставиле до нив, но и дека се се работи за мал број и дека нема потреба од загриженост кај осигурениците.

„Кај одредени осигуреници нема утврдени периоди на осигурување поради тоа што одредени обврзници за пријавување на податоци не си ја завршиле законската обврска за доставување на истите во тековната година за претходните години. Исто така, истите не ја предале документацијата во Државниот архив на РСМ. Ова е многу мал број и нема потреба за загриженост кај осигурениците“, објаснуваат од ПИОМ.

Од Фондот, исто така велат дека е непотполна информација дека биле исплатени речиси 4 милиони евра на починати лица.

Вистината е, сопоред Фондот дека износот од 241,604 илјади денари е износ за евидентираните побарувања од 2007 година заклучно со 31.12.2018 година.



SHARE