На Пензискиот фонд му се одобрени  речиси 65 милиони евра за  идната година, иако оттаму побарале само 17,8 милиони евра. На прашење на „Алсат М, министерката за финасии Нина Ангеловска избегна да одговори дали со парите ќе се покрива дупката во фондот и со тоа под знак прашалник ќе биде доведена најавената пензиска реформа.

„Во однос на вашето прашање за ПИОМ, за оваа мерка за субвенционирање на придонесите од платите е системски многу добри скроена. Директно, оние компании кои што ќе ги зголемат платите, средствата ќе се влеат во пензискиот и здравствениот фонд, за сметка на лицето кое што му е зголемена платата. Ова значи дека зборуваме за една одржлива и системска мерка, која не само што ќе помогне на компаниите туку индиректно тоа значи и инвестирање во човечки капитал, бидејќи ќе им помогне на компаниите да ги зголемат платите а со тоа да ги мотивираат работниците и да ги задржат, што денес тоа  е многу тешко“, рече Ангеловска пренесе „Алсат М“.

Освен за состојбите во пензискиот фонт, Ангеловска не сакаше да коментира ниту за предвидените средства за министерството за животна средина каде во драфт верзијата на буџетот до која дојде Алсат јасно се гледа дека оваа институција ќе добие пет милиони евра помалку во однос на тоа што првично го побарале.

SHARE