Пејачката Ребека Јанковска, потврди дека вчера, од најверојатно подметнат пожар, изгореле нејзиниот автомобил и автомобил на Сузана Турунџиева.

Според неа, прво бил запален автомобилот на Сузана, по што пожарот ја зафатил и нејзината кола.

„Сузе го купи автомобилот пред месец дена. Нова кола цела и изгоре. Мојата кола е опожарена до половина. Од полиција ни кажаа дека во последниот период 7-8 автомобили се запалени на паркинзи, дека најверојатно станува збор за пиромани“, изјавила Ребека за „Слободен печат“.

.

SHARE