Писмо од 22 грчки митрополити против преспанскиот договор

Ãåíéêç åéêüíá áðü ôï óõëëáëçôÞñéï óôçí ðëáôåßá ÓõíôÜãìáôïò ãéá ôçí Ìáêåäïíßá, ÊõñéáêÞ 4/2/2018. (EUROKINISSI/ÃÉÁÍÍÇÓ ÐÁÍÁÃÏÐÏÕËÏÓ)

Во заедничкото писмо до грчкиот парламент, 22 грчки митрополити од „Македонија“ бараат да не се усвојува договорот од Преспа и стравуваат од можно самопрогласување на Македонска Црква.

Во нивното заедничко писмо објавено на порталот romfea.gr, митрополитите велат дека не можат да поверуваат дека пратениците, особено македонските претставници, ќе го „оцрнат своето име засекогаш“ ако го поддржат овој договор.

Архиерите тврдат дека изјавите на премиерот Зоран Заев и преспанскиот се „спротивни на историската вистина“и грчката историја на Македонија.

За Македонската Црква, митрополитите тврдат дека тоа е расколнички ентитет кој промовира антихеленски ставови за историјата на Македонија и нагласува дека би било погрешно да се признае како афтокефална.

22-та митрополити кои го потпишаа писмото се задоволни од изјавата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој јасно стави до знаење дека нема намера да ѝ даде самоуправа  (на Македонската црква –н.з.).

SHARE