Писмото со кое Македонија се откажува од македонска националност (ФОТО)

Пимото е испратено денеска , потпишано е од министерот Димитров и во него се потврдува дека ознаките Македонско, македонски, macedonian не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство.

Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.

Во документот до кој дојде expres.mk македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или macedonian нема да означува националност, туку државјанство.

Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.

Во документот се зборува и за македонскиот јазик, кој според владата во Скопје е од групата јужнословенски јазици.

Македонската влада тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.

SHARE

9 Коментари

    • Па ајде најди го „еден” и „ЗАКОЉИ ГО” више! Ајде одработи нешто! Што чекаш? Што се фалиш?

  1. Е секоја ви чест. Според вас, тоа што до сега пишуваше во нашите лични карти и пасоши ДРЖАВЈАНСТВО / nationality – МАКЕДОНСКО / MACEDONIAN, не значеше државјанство, туку значеше етничка припадност, а сега Владата се согласила државјанството да значи државјанство, а не етничка припадност. Чудна работа. Како тоа до сега ДРЖАВЈАНСТВО значело ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, т.е. NATIONALITY значело ETNICITY , a од сега ДРЖАВЈАНСТВО ќе значи ДРЖАВЈАНСТВО, а NATIONALITY ќе значи NATIONALITY !? Шокантно.

  2. Има ли Експрес администратор?? До кога ќе биде толерирано пцуење, колење и ваков лудак како ЕДЕН?? Ајде блокирајте ги сите по ред! Доста со дивеење!

  3. Ме интересира што ќе пишува “еден“ кога за неколку дена ќе се врати Зораните од … и ќе почне дека можеби треба да има и парламентарни избори заедно со претседателските, или и тој верува дека Квислинговски навистина е на санкање?
    Ооооо еден шо праиме ако големиот Квислинг ви рече дека треба да има избори, ќе бегаш или ќе се бориш?
    Можеби грешам, не знам, ќе видиме за некој ден, сепак не е случајно што Хајл Хитла беше во Грекија а Квислингов замина таму горе кај … повторно да добие инструкции, ќе го забават темпото или ќе терат, што мислите?

    • Заев избега за Германија откако даде зелено светло на Џафери да го потпише указот за јазикот. Од Германија нема да се врати, доколку ратификацијата не помине во Грција. Ќе се откаже од политиката и ќе стане азилант во Германија.

  4. Пред малку видов пораката на Twitter од професорот Игор Јанев:

    “Since Macedonian President Ivanov did not signed “Agreement from Prespa”, MPs in Greek Parliament will not have a valid subject for ratification. Macedonian side did not fully fulfilled obligations on their side, so nothing to Vote in Greece.”

Comments are closed.