Пиварница од Косово направила етикета што асоцира на Голема Албанија

Етикета што асоцира на „Голема Албанија“ осамна на пиво што го промовира пиварницата од косовскиот град Пеќ, пишува српскиот весник „Србија данас“.

На етикетата се испишани имињата на градовите од неколку балкански држави во кои живеат Албанци во значителен број, вклучувајќи ја и Македонија.

Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Дебар, Куманово се македонските градови на етикетата што предизвика остри реакции во Србија.

Проектот „Голема Албанија“ има цел обединување на Албанците во една држава, која би опфаќала делови на Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Грција.