Пјат: Со Преспански договор ќе зајакне улогата на Грција во регионот

Амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пјат, на денешната средба со грчкиот заменик-шеф на дипломатијата Јоргос Катругалос ја реафирмирал американската поддршка за Преспански договор.

Двајцата соговорници се согласиле дека договорот од Нивици ќе придонесе за стабилноста на поширокиот регион и за зајакнување на улогата на Грција во југоисточен Медитеран, јави грчката државна новинска агенција АМНА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Средбата во Министерство за надворешни работи на Грција е увертира на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина на 10 и 11 јануари, на која високо во агендата е токму поддршката за договорот за името на северниот грчки сосед Македонија.

SHARE

Оставете Коментар