Плаќаме фантастични 383 илјади евра за одржување на државниот Е-Кат

За адаптивно и предвремено одржување на Е-кат или електронскиот катастар владата односно со парите на граѓаните ќе се платат неверојатни 573 илјади евра за две години или 386 илјади евра.

Ова стои во апликацијата за јавни набави каде што се гледа дека една фирма ќе добива по над 10 илјади евра за секој ден во годината за своите услуги одржување на електронскиот катастар.

Огромните суми за одржување на платформата на катастарот се договорени пред 12 дена на 17 јануари оваа година.

Ова не е прв пат истата фирма да добива огромни тендери за катастарот.

Од 2012 до сега истата фирма наплатила над 2 милиони и 700 илјади евра за својата соработка со државниот катастар.

Во едно од плаќањата јасно се гледа дека во една година за одржување биле плаќани само 10 илјади евра.

Линк до набавките овде

https://time.mk/javni/?naracatel=&firma=%D0%98%D0%93%D0%95%D0%90+%D0%9C%D0%90%D0%9A

SHARE