Plane Finder: Авионот на Лукашенко заминал во Турција

Профил на хакерската организација Анонимус објавува информација од системот за следење на апликацијата PlaneFinder која ги следи сите летови на светот, според која авионот на Белорускиот претседател Лукашенко вечерва се упатил кон Турција.

Засега нема потврда за овој лет од страна на белоруските или турските власти.

Информацијата за наводното бегство на последниот диктатор во Европа доаѓа по масовните протести во триесетина белоруски градови каде граѓаните незадоволни од лажните изборни резултати побараа пребројување на гласовите.

Шокантни снимки од хаосот во Белорусија по наместените избори (ВИДЕО)

SHARE