Седумдесет и пет отсто од вработените заработуваат месечна плата која е под просекот. а подобрување на животниот стандард може да се очекува само со  создавање на нова вредност, односно  отворање на нови работни места, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески за Алсат.

„Порелевантна е една друга мерка која се нарекува медијална вредност којашто го дели целиот примерок на вработени лица на пола.

Таа не се публикува, но се пресметува во Државниот завод за статистика и според некои интерни калкулации се движи околу 18 илјади денари. Тоа значи дека пола од вработените добиваат под 18 илјади денари, а другата половина добива над“, вели професорот Петрески.

Тоа што статистички декемвриската нето просечна плата достигна речиси 26 илјади денари, според професорот се должи на тоа што компаниите пред Нова година ги исплатите бонусите за вработените за да се избегне плаќање на прогресивниот данок кој стартуваше од први јануари.

SHARE