Словенија со остварена месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај оваа година е држава со највисоки примања во регионот. Истовремено, тоа е единствената плата во регионот која е повисока од илјада евра.
Просечната плата во Хрватска во мај достигнала ниво од 866,95 евра, во Црна Гора во јуни таа била 511 евра, во Босна и Херцеговина просечната плата во петтиот месец годинава била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра, пишува порталот „Факултети.мк“.
Просечна плата во мај годинава во Македонија изнесувала 399,28 евра, што значи зголемување од 17,38 евра во однос на минатата година.