Платежните картички пред Уставен суд

Уставниот суд денеска се очекува да се произнесе за уредбите на Владата со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

На дневен ред на денешната 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, а прва е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки.

SHARE