Плевнелиев: Макрон греши!

Поранешниот бугарски преетседател (2012-2017) Росе Плевнелиев вели дека поддржува пристапување на Македонија и на Албанија во Европската унија и смета дека францускиот претседател Емануел Макерон греши со тоа што се обидува да го блокира почетокот на разговорите за членство на двете држави.

„Отсекогаш сум бил против кога земјите членки на ЕУ, во случајов Франција, го блокираа проширувањето на ЕУ и проектите од заеднички интерес поради внатрешно-политички причини. Сите знаеме колку е важно за Македонија и за Албанија да добијат покана во моментов. Во време кога има многу силен геополитички судир на Балканот, ЕУ мора да ја покаже својата сила и моќ“, вели Плевнелиев како што пренесува БГНЕС

Тој потсети дека Бугарија исто така била жртва на таквата политика, но од Холандија.

SHARE