Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев го оценува проблемот со Македонија како „многу сериозен“ по недобивањето почеток на преговори со Европска унија и најавените предвремени избори.

Плевнелиев го нарече тоа „голем неуспех на ЕУ во еден толку важен регион“ и прогнозира дека на изборите на 12 април во Македонија може да дојдат на власт „реваншистички сили“, што, според него, нема да биде добро ни за ЕУ, ни за Бугарија.

„Претседателот Макрон, кој води амбициозна надворешна политика, допушти груба политичка грешка“, смета шефот на бугарската држава од 2012 до 2017 година, кој е разочаран од заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција на 3 јануари.

„Тоа беше смел лидер, кој се обиде да се оттргне од товарот на манилуациите од минатото“, вели Плевнелиев, изразувајќи загриженост во Македонија одново да се врати лидер „од типот на Груевски“ и Бугарија повторно да почне да се претставува кај нејзиниот југозападен сосед како „окупаторска“ и „фашистичка“.

Претходникот на Румен Радев уште еднаш се изјасни против поставувањето ултиматуми од Бугарија на Македонија, а за работата на заедничката комисија за историски прашања побара трпение и време за да бидат прифатени заклучоците шпто ќе ги донесе.

SHARE