Плус пет на полувреме против Јапонците

Македонија води со 18:13 против Јапонија по првото полувреме од натпреварот од првото коло во групата Б на 26. Светско првенство за ракометари во Германија и во Данска.

Освен водството на Јапонците од 4:3, избраниците на селекторот Раул Гонзалес доминираа против домаќинот на Олимписките игри во 2020 година, во два наврата водејќи и со максимални шест гола разлика.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со седум гола, од кои 4/4 од седмерец, а на голот брилјираше Бпрко Ристовски, запишувајќи 12 успешни интервенции, сo ефект од 53 отсто!

SHARE

Оставете Коментар