Откако СДСМ вчера ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски за скандалот со несоодветно третираниот медицински отпад, тврдејќи дека фирмата „Еко клуб“ од Битола, која надвор од прописите складирала и превезувала медицински отпад, е во сопственост на Сашо Јанакиески, „бизнис-играчот на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Никола Груевски“, ексклузивна информација објави „Плусинфо“:

Јавни претпријатија и институции во време на владата на Заев склучувале дебели договори со битолската фирма, која СДСМ ја обвинува дека под патронат на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги труела граѓаните Порталот, што значи дека „бизнис-играчот на Груевски“ направил одличен трансфер и во тимот на премиерот Зоран Заев, пишува порталот.

Имено „Еко клуб“ со Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор за косење трева, плевел, грмушки, сечење дрва и слични активности, за период од две години за вкупна цена од 70,8 милиони денари.

Исто така, на 13 јануари годинава, Медицинскиот факултет од Скопје склучил договор со истата форма за 2.277.400 денари, а лани договор со Еко Клуб склучило и Министерството за одбрана…

Повеќе

SHARE