„Плусинфо“: Дури и лажат за да добијат термин за корона-тест!?

Д-р Лили Чолакова Дервишова, претедателка на Здружението на приватни лекари вели дека има голем интерес кај граѓаните да направат тест за коронавирус, но за да добијат термин, некои се дрзнуваат дури и – да лажат.

„Дел од луѓето и лажат. Се јави шофер кој кажа дека пред една недела се вратил од Португалија, но не бил веднаш во самоизолација туку се движел меѓу луѓе, па сакаше да се тестира иако нема симптоми. Го упативме задолжително да се јави во Центарот за јавно здравје – д-р Чолакова Дервишова, за „Плусинфо“.

Од вчера тест се закажува преку матичен лекар, а се врши во 14 пункта во земјата, но мал број успеваат да добијат термин за овој тест.

За да се одобри датум за тестирање преку системот „Мој термин“ граѓаните треба да одговорат на десетина прашања.

„Закажувањето термин за тест не е по желба, туку каде што има неопходна потреба“ вели матичен лекар од населбата Мичурин во Скопје за „Плусинфо“.

SHARE