Плусинфо: Нови 4 осомничени за „Рекет“?

Се отвора нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески денеска најави дека се осомничени нови четири лица за перење пари и помагање.

Надлежните, дознава „Плусинфо“ ги лоцираат осомничените и можно е за некој од нив Обвинителството за гонење организиран криминал да побара притвор.

Од обвинителството најавуваат наскоро и официјално соопштение за новата истрага во „Рекет“ и за тоа дали и какви мерки ќе се бараат.

SHARE