По 150 евра казна за полските хулигани

По 150 евра казна им изрече судијата за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, на поголема група полски навивачи кои во петокот меѓусебно се тепаа во градскиот парк.

Пред средбата на репрезентациите на Полска и Македонија на Градскиот стадион, беа приведени 223 навивачи кои вчера беа изведени пред  судија за прекршоци.

На казнетите не им била изречена мерка забрана за влегување во земјава, изјавија од Основниот суд Скопје 1 за порталот СакамДаКажам..

SHARE