Епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5 посочи дека доколку се воведе тринеделен карантин тоа ќе го спречи есенскиот бран, но ќе донесе економска катастрофа во Македонија.

„ Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе се случи невработеност, па и глад, да не бидам патетичен, проблеми со менталното здравје, ќе се соочиме и со епидемии од друг вид.

Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани“, предупредува Д-р Драган Даниловски.

Според него клучот за спасот е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, вели Даниловски. Вечер

SHARE