По 27 месеци на власт Заев вели дека е време правдата да стапи на сцена (ВИДЕО)

Премиерот Заев кој што е на одмор во странство денеска со видео снимено пред неколку дена им се обраќа на граѓаните кои ги убедува дека опозицијата се противи во Македонија да има правна држава.

Заев по цели 27 месеци на власт вели дека сега е дојдено време за правдата да стапи на сцена најавува дека во име на граѓаните ќе ја убедува опозицијата да го прифати законот за СЈО.

Во видеото кое личи на изборен партиски пропаганден материјал Заев користејќи ја својата позиција на премиер ги злоупотребува државните ресурси за уште една пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.

Заев во видеото упатува обвинување кон лидерот на опозицијата Мицкоски кого го смета за најодговорен за состојбите и го нарекува лидер на партија која и донесла неправда на земјата.

SHARE