По 50 дена министер се врати на Твитер и се изрезили

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски по цели 50 денови се врати со коментари на социјалната мрежа Твитер но не ги доби очекуваните поени туку прими критики за спуштање на нивото на комуникација како министер.

“#жМицко опнал 3-4 вискија во кафана, па ни кажува како треба. Како што не ги разбира мерките, можел и да тргне врата до врата”, пишува Манчевски кој предходно од истиот профил пишува за странски организации и институции.

Причините за ваквиот настап на Манчевски на социјалните мрежи се должат на две сценарија.

Едното е дека некој од тимот на Манчевски по грешка коментирал од неговиот профил а второто дека ова е дел од стратегијата на СДСМ со уличен односно кафеански жаргон да се пресметува со лидерот на опозицијата.

SHARE