Новиот генерален директор на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, денеска соопшти дека РЕК „Битола“ во 2026 година ќе добие „А“ интегрирана еколошка дозвола, со која ќе ги исполни сите критериуми на Европската унија за еколошко производство на електрична енергија.

Ќурчиевски денеска ја презеде функцијата прв човек на РЕК-от и истакна дека АД ЕСМ на седница на Управниот одбр ја усвоил стратегијата на Комбинатот РЕК „Битола“ за добивање на „А“ интегрирана еколошка дозвола, дознава МКД.МК.