По 7 месеци, Стевчо Јакимовски излегува од куќен притвор

Стевчо Јакимовски e ослободен од куќен притвор, откако судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост, јави НОВА ТВ.

Јакимовски беше во куќен притвор од 19 март годинава поради злоупотреби со легализација на градежни објекти и државно земјиште. 

Одделот за сузбивање криминал и корупција при МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски и четворица вработени во општината поднесена е кривична пријава за за злоупотреба на службена должност.

Поднесена е и кривична пријава за помагање против лицата сопствениците на фирмите ГРОМ дооел Скопје, на ЕМАГ дооел Скопје, ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и физичкото лице ТК за кривично дело поттикнување во врска со злоуптреба на службената положба.

SHARE