По Борис Џонсон и неговата вереница доби коронавирус!?

Кери Симондс, вереница на британскиот премиер Борис Џонсон која е бремена, изјави дека изминатата недела ја поминала во кревет со симптоми на коронавирус, но по седум дена одмор се чувствува посилно и дека е на лекување, јавуваат британски медиуми.

„Минатата недела ја поминав во кревет со главните симптоми на Коронавирус. Не морав да бидам тестиран и, по седум дена одмор, се чувствувам посилен и сум на лекување“, соопштила Симондс.

Борис Џонсон кој минатиот месец стана првиот лидер на земја што објави дека е позитивен на коронавирус, се повлече во изолација во стан во Даунинг стрит, иако двојката обично живее заедно.

Тој вчера изјави дека останува во изолација со благи симптоми на Кобвид-19, вклучително и покачена температура, седум дена откако првпат беше тестиран од вирусот кој предизвикува респираторна болест.

Џонсон (55) и Симондс(32) во февруари објавија дека го очекуваат своето прво дете и дека ќе стапат во брак.

Кери Симондс која треба да се породи на почетокот на летото е прва личност која живее во вонбрачна заедница со британски премиер.

SHARE