Неколку часови пред Британија да ја напушти ЕУ , премиерката на Штотска Никола Старџен, најави можно отцепување од Обединетото кралство.

“Од вечерва Велика Британија, за која Шкотска гласаше да остане дел во 2014 година – Велика Британија во рамките на ЕУ – повеќе нема да биде реалност. Статусот квото за кое гласаше мнозинството, веќе не дпостои. Последиците ќе бидат значајни, дури и ако не се чувствуваат во моментов “, рече премиерката.
Старџен се бори да се одржи нов референдум во Шкотска, но засега нема одобрение од премиерот Џонсон, кој жестоко се спротивставува на таа идеја.

Но премиерката вели дека Шкотска мора да се справи со својот пат за независност.
„Моја работа е да се движиме на кредибилен начин што може да донесе независност. И јас сум апсолутно решена да го сторам тоа“ Старшен вели дека ​постигнувањето на независност, преку референдум, кога и да се случи – „дали оваа година, како што посакувам или по следните избори во Шкотска мора да биде легален и легитимен. Тоа е едноставен факт“.

Откако нејзината партија освои 48 од 59-те места во Шкотска на општите избори во декември, Старџен официјално побара трансфер на моќта.

На референдумот за независност на Шкотска, одржан во 2014 година, 55 проценти од граѓаните гласаа да останат во Велика Британија и 45% беа за независност.

Според последните анкети, повеќето Шкотланѓани овој пат би гласале за независност.

Анкетата на „ЈуГов“ објавена во четвртокот откри дека за прв пат од 2015 година гласањето „да“ има предност: 51 процент би гласале „за“ и 49 проценти би рекле „да“, според Би-Би-Си „и дека оние Шкотланѓаните кои гласаа за Велика Британија да остане во ЕУ, сега сè повеќе се залагаат за независност на Шкотска.

SHARE