По дебаклот со ЕУ, Столтенберг го тешел Заев дека НАТО не ѝ бега на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во телефонски разговор денеска го уверувал премиерот Зоран Заев дека Алијансата е посветена на пристапувањето на Македонија.

„Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на заложбата на НАТО за членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација се одвива добро и со нетрпение очекувам Северна Македонија наскоро да ѝ се придружи на Алијансата“, објави Столтенберг на Твитер.

Од владината служба за односи со јавноста соопштија дека Заев и Столтенберг размениле мислења за одлуката на Европски совет, при што премиерот на првиот човек на воениот сојуз му рекол дека граѓаните се разочарани.

SHARE