По „грешка“ отпуштиле близу 1.700 пациенти од психијатриска болница

Комитетот за здравство во Велс оцени дека била погрешна одлуката на психијатриската болница да отпушти 1.694 пациенти среде пандемијата на коронавирусот.

„Таква грешка не смееше да се случи“ оцени Комитетот.

Тие всушност не ги исполниле условите да бидат отпуштени и сега болниците прават се за да ги вратат ментално болните пациенти во клиниката, а надлежните им се извинуваат на граѓаните.

Дополнителен проблем се појави кога се покажа дека точниот број на отпуштени пациенти не е познат.

„На крајот, дојдовме до бројката од 1.694 предвреме пуштени пациенти од установите, и тоа на оние пациенти на кои сè уште им е потребна помош“, соопштија здравствените власти.