По Јанчев, и Заев со мистериозен полноќен твит: „Како паднат од Марс“

Ноќеска, половина час пред полноќ, премиерот Заев објави твит на својот Твитер профил кој е нејасен и не може со сигурност да се тврди на кого се однесува.

Дури во коментарите на твитот се претпоставува дека тој го пишувал за себе.

“Некој се однесува како паднат од Марс. Добро е што никој не го сфаќа сериозно и што дури ни неговите не му даваат поддршка. Инаку, ако требаше да му се верува, до сега ќе паднеа сите здравствени комисии и министри за здравство низ цела Европа” напиша Заев во твит кој може да се однесува на повеќе луѓе кои бараат оставка од Филипче.

Полноќниот твит на Заев доаѓа 24 часа откако исто така на полноќ неговиот пријател градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави протести пред ВМРО-ДПМНЕ за уривање на лидерот на партијата Мицкоски по што се откажа а новинарот Златев објави дека тој најверојатно бил под алкохол.

Твитот на Заев и коментарите:

Зошто Јанчев се откажа:

Златев открива зошто Јанчев го откажал протестот пред „Белата палата“

SHARE