По Касами, и Села и Гаши го одбија Ахмети

Тројца лидери на албанските партии кои беа повикани на средба закажана за утре ја одбија поканата од претседателот на ДУИ Ахмети да се сретнат утре.

По лидерот на БЕСА Касами и лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, ја одбија поканата на ДУИ за средба на лидерите на албанските партии на 13 август.

Тие бараат средбата да биде на друг датум, по 17 август, а второто барање се однесува на темите за кои ќе се разговара кои треба да бидат прецизирани неколку дена пред средбата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена испрати покана за средба на лидерите на албанските партии на денот кога е потпишан Охридскиот рамковен договор и без детали за што ќе се разговара на средбата.

„Во функција на содржината и плодна средба, би било убаво поканата да има друг предлог за дневен ред, за да можеме да имаме појасна причина за организирање на средбата на албанските парламентарни партии. Во оваа смисла, разгледајте ја можноста за друг датум, почнувајќи од понеделник, 17 август па натаму, секако со тоа што ќе известите неколку дена порано за агендата“, стои во заедничкото соопштение на Села и Гаши.

SHARE