По командант Соколи се јави и командант Малишева!

Еден од водачите на групата која учествуваше во терористичкиот напад во Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени, познат под прекарот Командат Малишева, на Фејсбук реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНе кој го нарече кукавички нападот врз екс-министрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски во затворот „Шутка“.

„Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние.

Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор.

Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ.

Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата.

А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите“, напишал Красниќи на Фејсбук, како што пренесуваат медиуми.

SHARE