По Македонија, во НАТО ќе влезе и Украина, најави Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека по влезот на Македонија воената алијанса што ја предводи ќе се прошири и на Украина.

„Сите сојузници се согласија дека Украина ќе стане членка на НАТО. Црна Гора му се приклучи на НАТО пред две години. Северна Македонија ќе пристапи по неколку месеци. Полска и земјите од Балтикот ни на сон не можеа да помислат дека ќе бидат во НАТО. Украина ќе биде членка на НАТО“, изјави Столтенберг за украинската телевизија 1+1.

Норвежанецот соопшти дека Алијансата ќе му помогне на Киев да ги засили реформите и да го модернизира општеството за државата, една од 40. партнери, да може да стапи во Алијансата.

Тој додаде дека за целосно членство Украина треба да „размисли што може организацијата да направи заедно со таа држава“.

SHARE