Елиф Елмас му се придружи на својот колега од фудбалската репрезентација на Македонија и идол Горан Пандев меѓу освојувачите на Купот на Италија во дресот на Наполи.

На Пандев со клубот од Неапол тоа му успеа во 2012 година, а на Елмас со триумфот на пенали од 4:2 против Јувентус, откако финалето на Олимпискиот стадион во Рим во основниот дел заврши без голови.

Дваесетгодишниот играч за врска влезе во игра во 88. минута на местото на Полјакот Зјелински, а во последните секунди можеше да го реши победникот, но по одбиената топка биеше по средината на голот, а голманот Буфон ја сврте во стативата.

За Елмас ова е прв трофеј во (Копа) Италија, а Пандев има уште три пехари од Купот – два со Интер и еден со Лацио.

SHARE