По партиска наредба уништени весници за да се скрие оглас за работа

Кичевскиот адвокат Фатмир Емрулаху со шокантно тврдење дека владеачката СДСМ наредила да се уништи дневниот печат што пристигнал во Кичево.

Целта на наредбата најверојатно е од пошироката јавност да се скрие огласот за работа во ТЕЦ Осломеј каде треба да се вработат одредени членови на владеачката партија.

“Во Кичево СДСМ наредил да се уништат весниците денеска, за да се скрие оглас во Осломеј”, пишува Емрулаху кој важи за добро информиран за политичките, судските и бизнис прилики во земјава.

Според Емрулаху активисти на СДСМ утрово во 6 часот го купиле целиот тираж на сите весници кои пристигнале во Кичево.

Во Македонија има само неколку дневни весници во кои власта објавува огласи и конкурси за работа: Слободен Печат, Нова Македонија и Вечер како и весникот на албански јазик Коха.

SHARE