Заменик помошникот државен секретар за европски прашања, Метју Палмер, ќе дотпатува за Македонија во понеделник 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција и и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Палмер ќе се сретне со претставниците на владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Во најавата нема информација дека Палмер ќе се сретне со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.