Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, од Управа за водење на матични книги за МИА.
Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.