По Ројтерс, и ДПА со најава за француска блокада за Македонија и за Албанија

По вчерашната најава од Ројтерс за француска блокада за датумот за преговори со Европска унија за Македонија и за Албанија на заседанието на Европскиот совет идната седмица, денеска со слични вести од Париз и германската новинска агенција ДПА, која се повикува на дипломати од ЕУ.

„Париз тврди дека реформските напори на обете држави не се доволни и бара фундаментален ремонт на пристапниот процес како предуслов за започнување разговори, велат дипломатски извори. Меѓу другото, Франција, наводно, смета дека процесот е премногу технички и тешко е да се запре ако околностите се влошат“, јави ДПА.

SHARE