Доналд Трамп планира да повлече половина од 14.000 американски војници во Авганистан, наведуваат некои извори, еден ден откако американскиот претседател најави повлекување на сите американски војници од Сирија.

Ненадејна одлука на Доналд Трамп да ги повлече своите војници од Сирија беше причина за оставката на шефот на Пентагон Џим Матис поради битни политички разлики со претседателот.

Матис се залагаше  САД да имаат силни воени сили во Авганистан за да ги зголемат дипломатските напори за мир.

Асошиетед прес , повикувајќи се на свои извори пишува дека војницитеод Авганистан би можеле да бидат повлечени во текот на летото.

SHARE