Во последните 2.5 години биле поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ.

Според владејачката партија, од поднесените 300 кривични пријави досега 129 се процесирани пред надлежни судови.

„Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани  носители на јавни функции“, се наведува во соопштението на СДСМ.

SHARE