По Србија и Грција гради супер антимигрантска ограда, Македонија без нови мерки

Откако неодамна Србија започна со изградба на ограда на границата со Македонија со цел да спречи влез на мигранти и Грција гради “супер” ограда.

Како што објави Балканската безбедносна мрежа за да спречи нови бегалски бранови грчката влада гради челична ограда во должина од 27 километри.

Мрежата која наликува на оградата меѓу САД и Мексико ќе биде поставена на реката Еврос која е почетна точка на таканаречената Балканска рута.

Според најавите оградата која ќе биде на грчко-турската граница ќе биде висока 5 метри а на врвот ќе има бодликава жица.

Ќе чини 63 милиони евра.

Засега Македонија не најавува посебни мерки и проекти за спречување на нови бегалски бранови различни од тие преземени во 2015 година кога на дел од границата со Грција беше изградена жичена ограда.

Прва земја која со европска дозвола изгради ограда беше Унгарија, по неа Словенија и Хрватска а Србија по оградата со Македонија
ќе гради слична и кон Бугарија.

SHARE