По „укорот“ од expres.mk, СДСМ се поправи и сега е партија од „Северна“

Написот од expres.mk од пред шест дена очигледно влијаел во СДСМ да покажат доследност во примената на новото име што ѝ го наметнаа на македонската држава без согласност од избирачите и повеќе да не се претставуваат како партија од Република Македонија, туку од „Северна“.

„Укорот“ од expres.mk резултира со корекција на официјалниот профил на владеачката партија на Твитер, каде што сега стои дека „СДСМ е политичка партија во Република Северна Македонија“.

Промената доаѓа повеќе од седум месеци од официјализирањето на новото државно име на 12 февруари годинава, иако оттогаш лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, заедно со партискиот врв, во секоја можна пригода од уста не ја вадат „Северна“.

Сепак, во делот за лоцирање на акаунтот сè уште стои „Македонија“ на англиски јазик.