По Велигден, Задушница и Бајрам СДСМ тврди дека сите граѓани се еднакви

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров тврди дека сите граѓани се еднакви иако неговата партија во владата целосно ги блокираше православните граѓани за Велигден и Задушница а за Бајрам дозволи муслиманските верници да го остварат своето уставно верско право.

Сега Петров пишувајќи со големи букви што на социјалните мрежи значи обраќање на висок тон топката ја префрла на МПЦ и тврди дека нема дискриминација меѓу муслиманите и христијаните кои утре нема да можат да ги посетуваат гробиштата на своите најблиски.

“Ова е секуларна држава. Правилата важат за сите. Верските лидери мора да ги почитуваат правилата како и сите останати. Тие имаат и поголема одговорност затоа што со своите повици директно влијаат на однесувањето на луѓето и повикуваат на непочитување на мерките. Пред законот, сите сме ЕДНАКВИ! Со право се граѓаните гневни! Повторувам, никој не е и нема да биде над законот. Верските заедници нема да диктираат политика во оваа држава!”, пишува Петров.

SHARE