По видеото со кеш, се појави и аудио „бомба“ со Ден Дончев (ВИДЕО)

Откако на Јутјуб претпладнево се појави видео на кое се гледа акако екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев прима пари во кеш и ги става во својата чанта на социјалните мрежи објавена е и “аудио бомба” со неговиот глас.

Во разговор со засега непознат соговорник Дончев зборува за случајот Дијамед за кој има кривична пријава во која се зборува за рекетирање.

Од аудиото може да се разбере дека шефот на најбогатата државна институција зборува дека со Швеѓаните има “игра” а како опција споменува дека една од опциите е “Швеѓаните да платат нешто” иако не е сигурен дали тие би можеле да платат.

Во аудиото Дончев зборува и за шефот на Агенцијата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов за кој се вели дека не е ниту СДСМ тки човек на Заев.

И Дончев и Заев и Трендафилов се од Струмичко.

Најнова вест

Дончев признава дека Заев дал дозвола за полициски упад во фирма (НАЈНОВО АУДИО)

Најчитана вест

Објавена “Бомба” на која Ден Дончев прима пари и ги става во чанта (ВИДЕО)

SHARE