„Имавме чисто гласање со 80 пратеници. Сето тоа се одвиваше пред македонската јавност и секој можеше да види дека после процедуралните обраќања пратениците имаа можност да гласаат. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не се одважи и не гласаше за европска иднина.“ – изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференција по усвојувањето на Законите за обвинителство и одбрана, од кои првиот беше усвоен во втор обид.

Лидерот на СДСМ ја повика меѓународната заедница да ги препознае заложбите за почеток на преговори, посочувајќи дека иако законот за јавно обвинителство не бил услов за добивање датум, државата сепак покажала волја за реформи.

„Почитувани лидери на земјите членки на ЕУ ние нашите ветувања ги исполнуваме, време е и ЕУ да ги исполни своите“ – порача Заев.

SHARE