Во Зајас се гласало на секои 24 секунди

Пребројувањето на гласачките ливчиња покажа дека на едно избирачко место во Зајас гласале 412 гласачи, а во кутијата имало 416 гласачки ливчиња.

ДИК го поништи по службена должност, пренесе Телма.

Изборниот материјал од Зајас беше отворен за да се отстранат сомневањата предизвикани од податоците за одзивот, според кои, од 15 до 17 часот гласале 297 избирачи.

Или, на секои 24 секунди.

Од 14-те приговори на тимот на Силјановска, ДИК прифати половина. Конечните резултати ќе се сменат, но прегласување нема да има.

SHARE