Охридските комуналци ќе почнат со корнење на стотина палми од кои најголем дел се на самиот езерски брег. Во Охрид, најмногу на езерскиот брег во 2016 беа засадени околу 250 палми.

Досега околу 150 се исушија или измрзнаа.

„Ние постапуваме според препораките на УНЕСКО за остранување на неавтохтоните палми. Останаа од 80 до 100 палми. Ангажиравме доволен број работници и механизација. Сметаме дека за корнење на сите палми ќе ни требаат три дена”, изјави директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

Во 2015 години ЈП „Македонски шуми“ почна со проектот за садење на палми низ повеќе градови низ земјата

Поради недоволниот напредок во решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност,

УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот Регион на Листата на загрозено светско наследство.

Извештајот треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско насле дство во Баку од 30 јуни до 10 јули.