Бројот на загинатите во пожарите во  гратчето Мати, на полусостровот Атика, што избувна летово, достгна 100, јавуваат утрово грчки медиуми.

Починал 73.годишен маж кој од члетото бил хоспитализиран во одделот за интензивна нега.

На 23 јули, денот кога огнената стихија го зафати Мати, тој бил таму со сопругата и внуците.

Тешките повреди ги добил кога го спасувал неговиот  12 годишен внук така што го заштитувал од пламените јазици со своето тело.

SHARE